Силјановска: Заевизмот не е само режим, тој е ментална матрица

Професорката Гордана Силјановска, барајќи ја довербата на членството на ВМРО ДПМНЕ за претседателски кандидат, драматично од говорницата зборуваше за ,,Заевизмот“.

Таа рече дека ,,заевизмот“, не е само режим, туку тоа е веќе ментална матрица, а тоа значи -денес ќе кажам , утре ќе поречам, рече Силјановска.

 

Нејзиниот говор постојано беше прекинуван со аплаузи, а кога зборуваше за ,,заевизмот“, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а потоа и другите во салата станаа на нозе и аплаудираа.

Димитар Миладинов пишуваше за својата земја ,, Т’га за југ’, но ние веќе не сме на југ, туку станавме северна, рече таа.

Професорката Гордана Силјановска , која настапува како независен кандидат пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, рече дека таа нема да дозволи да не прави ништо против редефинирањето на Македонија и нејзиното име.

Утре кога ќе ме прашаат моите внуци, што направи ти, јас морам да им кажам што сум правела, рече Силјановска.

На конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ, се претставија 9 кандидати. Покрај Гордана Силјановска Давкова, најсериозен кандидат е Влатко Ѓорчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега