Претседателката Сиљановска Давкова денеска, за време на работната посета на Ресен, истакна дека ИПАРД фондовите се „мошне важни“ за државата и потенцираше дека злоупотребата мора строго да се санкционира.

„- ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска  со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или однесувањето во рамките на владеењето на правото или однесувањето како добри домаќини кон средства коишто ни се дадени на помош е многу, многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е првпат да се соочиме на феноменот на злоупотреба. Тоа не е добро. Значи одговорност мора да има“, нагласи Сиљановска Давкова.

Exit mobile version