Силјановска: Во Брисел се разговараше за претстојните претседателски избори и проблемите во Македонија

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова во вестите на Алфа Телевизија изјави дека при нејзината посета на ЕПП во Брисел се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија како и потребата демократизација и надминување на авторитарните тенденции во земјава.

-Разговаравме за претстојните претседателски избори, беа заинтересирани за причините да прифатам како надпартиски кандидат за овие избори. Зборувавме за европската демократија, за проблемите во Република Македонија, за предизвиците врзани за контролата и набљудување на изборите, Копенхагеншките критериуми, можноста истите да бидат исполнети, Зборувавме за потребата демократизација и надминување на авторитарните тенденции во Република Македонија, вели Силјановска.

За средбата, но и за поддршката која ја доби од Анегрет Крамп-Каренбауер која е наследничка на германската канцеларка, Ангела Меркел, таа вели дека импресионирана што ја добива поддршката од една таква личност со моќни идеи.

-Таа беше информирана дека јас ќе бидам кандидат на изборите. Ми пријде ми рече дека ја имам нејзината поддршка и како жена но и како некој кој ќе се натпреварува на изборите. Таа ја наследи Меркел која беше симбол за европски реформи и државнички односи, сигурна сум дека и таа ќе биде успешна како и нејзината претходничка, истакна Силјановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега