Силјановска: Владата треба да си поднесе оставка ако нема почеток на преговори со ЕУ

Во денешната дебата на ТВ21, кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова потенцираше дека оваа влада доколку не добие датум за преговори со ЕУ треба веднаш да си поднесе оставка.

– Причината за предвремени парламентарни избори може да биде друга. Дали ќе добиеме датум за преговори за ЕУ? Имено лани ние се веселевме вклучувајќи ме и мене дека само ни треба потпишување на Преспанскиот договор и овој јуни како волкот во приказната влегуваме. Ама гласовите не се тие. Ако вие сте се држеле најцврсто дека договорот е визата за почеток на преговори во ЕУ, а тој не дојде бујрум тогаш да си поднесете оставка за некој друг со демократски реформи да го направи тоа, појасни Силјановска Давкова.

 

Силјановска Давкова истакна дека само со нови предвремени парламентарни избори ќе завладее правото во земјата и така Македонија побргу ќе добие датум за преговори со ЕУ бидејќи со оваа власт сме далеку од датум за преговори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега