Силјановска: Не сум талибанка, предавам уставно право, се разбира дека немам намера да ги симнувам натписите со Северна Македонија

Ако победи, упорно ќе работи на промена на Уставот, на почитување на меѓународните стандарди и на воведување меритократија во државната администрација, вели кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, во интервјуто за МКД.мк.

Таа вели дека треба највредните, најдобрите, најспособните да се најдат на политичките функции. „Ние верувавме дека ќе дојде животот, а сега ни е загрозен животот. Еден ден ќе нѐ проучуваат како сме успеале да преживееме на ваков процент на еколошко и политичко загадување“, вели Силјановска.

На прашањето декакога беше министерка во владата на Бранко Црвенковски, се повлече, а сега зошто повторно се враќа во политиката Силјановска, рече дека оваа одлука не била лесна и и требало многу размислување.

- По две години кус престој во политиката се повлеков. Го видов тој свет. Заклучокот беше дека работата во владата секогаш е тимска. И кога не се согласувате, вие сте дел од одлуките што важат за сите. Мора да бидете секогаш оптимист, а јас сакам да се сомневам во нештата, скептик сум, агностик сум. Некогаш сум песимист. Сметав дека подобар амбиент за мене е универзитетот.

Освен тоа, во политиката мора оној другиот да го гледате низ призмата на гласачите, затоа што едно е што мислите вие за него, а друго е што мислат граѓаните. Значи, не можете да го избирате соговорникот затоа што тој е избран од гласачите. Си заминав, реков дека ќе бидам правник и политиколог, а не политичар. Во научниот, образовниот свет се чувствував прекрасно. Сѐ до неодамна, кога почнав да се прашувам зошто ме прашуваат дали би прифатила да се кандидирам за претседател. Не ми беше јасно од каде тоа прашање. Но на крајот од годината ми беше предочено дека партијата ВМРО-ДПМНЕ би сакала да ме кандидира и ме прашаа дали би можела да размислам за ангажман за претседател на државата.

Прво бев шокирана, но потоа од различни страни, блиски, пријатели, па и претседателот на партијата, ме убедија да размислам за ова. Зошто се одлучив? Многу време ми требаше за размислување. Речиси цел месец, неколку пати бев пред донесување одлука да не прифатам, ама сето она што овие неколку години се случуваше во земјата ме натера добро да размислам. Што ако некој ден, некој што предавал за владеење на правото, за демократијата, ме праша зошто не реагиравте на нештата што беа незамисливи, промена на името во постапка далеку од законска, од уставна, прифаќање решение не само за надворешна, туку и за внатрешна употреба на новото име, кршење на постапката среде парламент со законот за амнестија и ратификацијата на Преспанскиот договор, за непочитувањето на народната волја на референдумот кога народот рече не, а власта си продолжи по свое...

Да не зборувам за претходното кршење на постапката и излегување на рамките на Охридскиот договор со Законот за употреба на јазиците... И така речиси на последниот ден од рокот за поднесување на кандидатурата, решив да бидам кандидат, вели Силјановска.

На прашањекако ќе се справи си Преспанскиот Договор ако стане претседател, таа вели дека не е Талибанец, предава право и не планира да ги симнува таблите.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега