Силјановска: Мијалков беше како во филмовите „Роки“ и „Кум“, а Заев и судија и обвинител

Случајот со бегството на Мијалков наликува на филмови како „Роки“ и „Кум“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во синоќешниот Дневник на Сител.

– Јас се чудев како можеше денеска премиерот да има повеќекратна улога. Да одговара и во својство на јавен обвинител, истражен судија, судија. Тој го опиша целиот процес. Добивме впечаток како да се работи за некој филм, како „Роки“, да речеме, или „Кум“. „Јас не би можел да кажам бидејќи постапката трае во кого може да се лоцира вината, бидејќи тоа ќе го кажат судските органи“ – таков одговор очекував денеска од премиерот. Очекував да одговара министерот за правда, министерот за внатрешни работи. Меѓутоа, шокантно делуваше сѐ што се случуваше, наликуваше на филм – рече Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега