Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во 19:00 часот ќе се обрати на свеченото отворање на меѓународната конференција „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“.
Настанот го организира Паневропска унија на Македонија во партнерство со Паневропска унија на Австрија, Фондација Ото фон Хабсбург и Институт на регионите на Европа од Салцбург.
Покрај претседателката, на отворањето свои обраќања ќе имаат и претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Паневропската унија на Австрија, Рајнхард Клоучек, Штефан Хабек од Институтот на регионите на Европа, како и генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Амер Капетановиќ.


