Силјановска до Заев: Надвор сум од вашиот концепт во кој работа има само за децата на функционерите

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, денеска се огласи на Фејсбук откако премиерот Заев изјави дека таа е „надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“.

- На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата, напиша таа предмалку на Фејсбук.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега