Сиљановска Давкова за случајот Мијалков: Добивме впечаток како да ги гледаме „Роки“ или „Кум“

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека случајот со бегството на Мијалков наликувал на филмови како „Роки“ и „Кум“.

-Јас се чудев како можеше денеска премиерот да има повеќекратна улога. Да одговара и во својство на Јавен обвинител, истражен судија, судија. Тој го опиша целиот процес. Добивме впечаток како да се работи за некој филм, како „Роки“, да речеме, или „Кум“. „Јас не би можела да кажам бидејќи постапката трае во кого може да се лоцира вината, бидејќи тоа ќе го кажат судските органи“ – таков одговор очекував денеска од премиерот. Очекував да одговара министерот за правда, министерот за внатрешни работи. Меѓутоа, шокантно делуваше сѐ што се случуваше, наликуваше на филм, рече Давкова.

Појасни дека целиот процес остава повеќе отворени прашања .

-Од температура над 40 степени и потоа облекување на маица. Неверојатно нешто. До ваши колеги новинари кои случајно се најдоа на тоа место. До опис, прво на бегство, па потоа присуство овде. Многу дилеми има и тоа фрла темна сенка на Обвинителството, рече Сиљановска Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега