Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети женското одделение во КПУ Идризово, каде оствари средба со затвореничките кои работат во шивачката работилница на дизајнерката Ирина Тошева. Претседателката упати силна порака за хуманизација на затворскиот систем, нагласувајќи дека работата е клучниот модел за вистинска ресоцијализација.

„Цврсто верувам дека во секој од нас има по неколкумина и дека ова може да биде само една епизода во животот. Ни треба нов закон за помилување кој луѓето нема да ги третира само како затвореници, туку како личности кои влегле во процес на промена“, изјави претседателката.

Таа додаде дека е пријатно изненадена од проектите за дислокација и зголемување на капацитетите од отворен тип, кои ги планира директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Сиљановска-Давкова дури си купи и неколку креации изработени од затвореничките, со цел да ја поддржи нивната креативност и надеж за подобра иднина.

Exit mobile version