Реформи во судството може да има само со целосна департизација и деполитизација. Најдобрите правници не се таму. Кога правите луѓе ќе се најдат на правите места, мислам дека се ќе функционира. Ние имаме некои интересни критериуми. Проблемот е системски, но со новата регулатива се остава простор за градење нов систем, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во гостувањето на МРТ по повод две години од нејзиниот мандат, Сиљановска-Давкова истакна дека е изненадена од одлуката на Обвинителството да ја затвори постапката за ТЕЦ „Неготино“, додека за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски очекува разрешница.

Во однос, пак, на Уставниот суд, претседателката гледа поместување и исчекор во неговата работа.

Сиљановска-Давкова и во оваа прилика го искритикува Судскиот совет. Неговите извештаи, оцени, не се како што треба – куси се, без детални анализи, а примерите зошто дошло до дисциплинска, на пример, се минорни. Сега седниците се отворени, но, како што забележа, има само по три во месецот.   

Exit mobile version