Силен змејотрес го погоди југот на Франција- четири лица повредени

Најмалку четири лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,4 степени што го погоди југот на Франција, објави францускиот весник „Фигаро“.
        
Весникот наведува дека земјотресот предизвикал помала материјална штета.

Земјотресот се случи во регионот Дром, помеѓу Лион и Марсеј, вчера околу пладне, со епицентарот во близина на градот Монтелимар, пренесува АП.
        
Земјотресот бил почувствуван во Монпеље, Лион, Сен-Етјен, Гренобл, Авињон и Марсеј.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега