Силен земјотрес во Авганистан: Загинаа стотици луѓе

Силен земјотрес го погоди Авганиста, при што загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици се повредени, но бројката во следниот период сигурно ќе се зголеми.

Најмногу загинати има во провинцијата Пактика, кажа мохамед Насим Хакани, шеф на управата за справување со катастрофи.

Според информациите, земјотресот бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и се случил во раните утрински часови.

Земјотресот бил на длабочина од 51 км, а се почуствувал во радиус од околу 500 км.

22.06.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа