Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во јужниот дел на Албанија.
Потресот се случил 35 минути по полноќ, а епицентарот бил на околу шест километри северозападно од приморскиот град Химара, на длабочина од пет километри.
Земјотресот бил почувствуван и во околните градови, при што предизвикал вознемиреност кај жителите и туристите.
Засега нема информации за причинета материјална штета.


