Силен земјотрес од шест степени - се стресе Австралија

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран  североисточно од австралискиот остров Норфолк, соопшти Американскиот геофизички институт.

Не е објавено предупредување од појава на цунами, а нема ниту информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил 681 километри североисточно од Норфолк, на длабочина од десет километри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега