Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја вознемири Грција. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот на потресот бил лоциран на 87 километри од градот Лариса.
Потресот бил почувствуван во поширокиот регион на Тесалија, а поради силината, предизвика вознемиреност кај локалното население. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или посериозна материјална штета, но локалните власти ги следат состојбите на терен за можни афтершокови.


