Силен земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска наутро го потресе источниот дел на грчкиот остров Крит, јавува „Катимерини“.

Засега нема информации за повредени или за оштетување на објекти.

Земјотресот се случил во 7:13 часот по локално време. Епицентарот бил во морето на 30 километри од градот Закрос, а со длабочина од 4,7 километри.

Тој се почувствувал во многу области на источниот дел од Крит, но и на главниот град на округот, Хераклион.

 

03.09.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега