Силен земјотрес на границата меѓу Иран и Ирак: Жителите панично бегале од зградите

 

Земјотрес со интензитет од 5,5 по Рихтеровата скала го потресе Багдад и централниот дел од Ирак.

Според локални медиуми, земјотресот и последователните потреси предизвикале паника во центарот на Багдад каде жителите бегале од зградите.

Нема извештаи за жртви или материјална штета. Иранската телевизија јави дека спасувачки тимови се испратени во покраината Керманшах на границата со Ирак по земјотресот.

Минатата година во земјотрес во Керманшах загинаа 620 луѓе и беа повредени неколку илјади луѓе.

 

 

 

11.01.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа