Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри од покраината Текирдаг, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).


Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, објавија медиумите.

Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Leave A Reply

Exit mobile version