Силен земјотрес ја погоди Турција, повредени се 35 лица

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди северозападна Турција, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS), а според турските власти, 35 лица се повредени.

Земјотресот бил на длабочина од десет километри и е регистриран во 04:08 часот по локално време (02:08 часот по средноевропско време) на околу 170 километри источно од Истанбул, соопшти американскиот институт.

Турските власти соопштија дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени, а епицентарот бил во Гољака, на северозапад од земјата.

„Имаме 35 повредени, од кои еден е во критична состојба“, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Властите соопштија дека лице кое било пренесено во болница и е во критична состојба, се здобило со повреди додека скокнало од балконот.

Поради страв од нови земјотреси, многу мештани по земјотресот останале два часа надвор, јавуваат турските медиуми.

Турција се наоѓа на една од најактивните сеизмички зони во светот.

 
2723.11.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа