Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди источна Турција, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Според официјалните информации, потресот бил регистриран во 6:20 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал во округот Баталгази, во провинцијата Малатија, на длабочина од 15,59 километри.
Тресењето на тлото било почувствувано и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа, што предизвикало вознемиреност кај дел од населението.
Засега нема официјални информации за евентуални жртви или поголема материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата на терен.


