Силен земјотрес го тресеше Закинтос
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денес во 14:26 часот во близина на грчкиот остров Закинтос.
Според податоците на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимс и на длабочина од 10 километри, јави АНА.
Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.
28.02.2021 - 15:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа