Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени го погоди јужниот дел на Мексико во петокот, а тресењето на земјата беше почувствувано и во соседните држави, Гватемала и Ел Салвадор, објави Геолошкиот завод на САД (USGS). Според прелиминарните податоци на USGS, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 48 километри југозападно од градот Аквилес Сердан во мексиканската држава Чијапас, во морето, веднаш на брегот на Тихиот Океан, јавува CNN .
Земјотресот предизвика умерено до силно тресење на земјата по должината на крајбрежната област, а засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.
„Се тресеше многу и траеше долго“, „Ова беше навистина лошо“, „Целата куќа се тресеше“, се коментарите на EMSC…


