Унгарија има намера да ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана за испорака на руски гас пред Европскиот суд на правдата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Сијарто истакна дека Унгарија ги смета за нелегални постапките на Советот на ЕУ бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, што се објаснува со проценката дека станува збор за трговија, а не за санкции.

Поради ова, Унгарија и Словачка не можеа да ги искористат своите права на вето, и ние ќе се жалиме пред Европскиот суд на правдата поради таа причина, изјави Сијарто во интервју за телевизијата М1.

Според одлуката на Советот на ЕУ, новите договори за купување руски гас ќе бидат забранети од 1 јануари 2026 година, додека постојните краткорочни договори треба да бидат завршени до 17 јуни 2026 година, а долгорочните договори можат да продолжат до 1 јануари 2028 година

Exit mobile version