Вистински „рекорди“ на алкохолизираност регистрираше полицијата ноќеска во Охрид и Штип, при што двајца возачи се лишени од слобода поради управување возила во состојба на тешко пијанство.

Највисока концентрација е измерена во Охрид, половина час по полноќ (00:33 часот). На улицата „Партизанска“, полицијата запрела „рено“ управувано од 30-годишната А.З. Алкотестот покажал неверојатни 2,59 промили алкохол во крвта.

Половина час подоцна, во 01:04 часот во Штип, на улицата „Маршал Тито“ е запрен 40-годишниот Е.А. со „сеат ибица“. Освен што му биле измерени 2,06 промили алкохол, полициските службеници во неговото возило пронашле и марихуана.

Двајцата возачи се задржани во полициска станица.

Exit mobile version