Си ја отвори душата: Тимберлејк раскажа како публиката фрлала шишиња со урина кон него

Еден од најпопуларните пејачи, но и еден од омилените меѓу женската публика, Џастин Тимберлејк (39) не баш секогаш поминувал добро на настапите.

Иако публиката го сака и доаѓа на неговите концерти, Џастин се присети на еден од најнепријатните искуства од своите настапи.

Тој на почетокот на кариерата доживеа голема непријатност и тоа на концерт со групата „Ролинг Стоунс“ во Торонто во 2003. година, кога од публиката го гаѓаа со шише со урина.

Тимберлејк вели дека имал чувство дека нешто лошо ќе се случи.

-Само се сеќавам дека му реков на бендот пред да излеземе на бина: Мислам дека ова нема да помина добро. Така и беше, истакна пејачот.

Иако од публиката фрлале шишиња со урина, Џастин одлучи да не го прекине настапот, туку остана на бина. Првото шише го избегна играјќи на сцената, а настапот го продолжи изведувајќи песна на клавир, кога уште едно шише полетала кон неговата глава, но публиката наскоро престанала да фрла шишиња.

-Или изгубија трпение зашто останав на бината или снемаа урина. Имам доста трауми од тогаш, вели Тимберлејк.

Пејачот истакна дека е горд на тоа како ја преживеал ситуацијата која настанала во тој момент, но ги советуваше младите генерации да бидат упорни и истрајни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега