Си ја оставила 3-годишната ќерка 7 дена сама во стан: Девојчето починало од глад, Русинка го признала убиството

Марија Пленкина признала дека ја убила 3-годишната ќерка оставајќи ја седум дена во станот додека била на еднонеделна забава. Девојчето умрело од глад.

Многу потресни детали од кои се крши срцето се изнесени за време на судењето. Малата Кристина, како што било кажано на суд, била толку гладна што се обидела да јаде детергент за перење алишта.

Девојчето кое гладувало до смрт, било пронајдено голо во станот полн со отпад во рускиот град Киров, а изело само мала количина храна која мајката ја оставила - јогурт, пилешко и колбаси, пишува Дејли Меил.

21-годишната Марија Пленкина пред одењето на забавата, во станот ја исклучила водата.

Безживотното тело на девојчето го пронашла бабата Ирина Пленкина која дошла да ѝ посака среќен роденден.

Мајката, која соседите ја нарекле „зло“ се соочува со 8 до 20 години затвор поради брутално убиство.

Криминалистичката истрага покажала дека Пленкина својата ќерка ја заклучила во станот на 13. февруари минатата година, а дури на 20. февруари се вратила.

Психијатрите откриле дека била целосно свесна за својата постапка. Недолго пред да отиде на еднонеделната забава додека детето умирало, Марија раскинала со момчето.

Марија била кај својата пријателка Анастасија која изјавила дека Пленкина ја излажала дека за Кристина се грижат пријатели. 

Марија го признала убиството велејчи дека немала намера да го убие детето.

Извори блиски до случајот рекле дека кога Марија била приведена не плачела и не покажувала жалење.

„Таа само ладнокрво кажа: „Да, отидов, ја исклучив водата и го оставив детето без вода и храна“, наведуваат изворите.

Бабата на детето рекола дека доколку знаела дека ќерка ѝ заминува, таа ќе се грижела за детето.

„Ме лажеше дека се е во ред“, рекла бабата и додала дека не би помислила дека Марија може да направи такво нешто.

„Испадна дека не сум ја познавала добро мојата ќерка“, рекла таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега