Си-Ен-Ен: Трамп подготвува да издаде уште 100 помилувања - дали тој и неговата семејство се први на листата?

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да изрече 100 помилувања и да ги намали казните последниот ден во Белата куќа. Ова за Си-Ен-Ен го потврдија три лица блиски до процесот.

Белата куќа одржа состанок во неделата за да го комплетира списокот на планирани помилувања, а Доналд Трамп издаде низа помилувања пред Божиќните и новогодишните празници. Тој планираше да го продолжи овој процес на 6 јануари, но реши да се повлече поради обвинувањата дека ги поттикнал неодамнешните немири на Капитол Хил.

Се очекува Трамп да издаде уште една низа помилувања, освен ако не одлучи во одреден момент да ги помилува неговите соработници, членовите на семејството и самиот себе за немирите во Вашингтон. Очигледно неговите советници препорачале да не го прави тоа, затоа што тогаш би изгледал како да е виновен.

Помилувањата се една од неколкуте точки што Трамп мора да ги заврши пред да заврши неговиот мандат. Трамп се надева дека ќе успее да ја скрши тајноста од податоците поврзани со руската истрага пред да ја напушти функцијата, сепак, со оглед на околностите и намалениот број административни службеници, се чини дека такво нешто тешко дека ќе се случи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега