Шведска од првиот ден на пандемијата води иста политика - нејзините резултати далеку подобри од тие на ЕУ

Пред неколку недели, започна нова учебна година во Шведска, а делта сојот силно ја погоди скандинавската земја, каде што бројот на заразени лица двојно се зголеми од крајот на јули. Во многу земји, тоа би значело само едно – заклучување. Но, не во Шведска.  

Шведска објави дека ќе ги укине речиси сите преостанати епидемиолошки мерки на 29-ти септември. Одлуката за укинување на веќе благите мерки наскоро се заснова на висока стапка на вакцинација и ниска стапка на смртност од ковид-19. До 7-ми септември, 70 проценти од возрасната популација во Шведска примиле две дози од вакцината, а вкупно 81,6 проценти од граѓаните над 18 години добиле барем една доза, пренесува Ројтерс.  

Според податоците на ЕЦДЦ, Шведска има трета најниска стапка на смртност од ковид-19 во Европа во последните две недели (по Лихтенштајн и Словачка), а ваквата ситуација трае од почетокот на летото.  

“Воопшто не сум загрижен. Се справивме добро за време на последните бранови на вирусот. Претпоставувам дека сум типичен Швеѓанец, не сум загрижен додека властите ќе ми кажат дека треба да се грижам сам за себе”, вели 35-годишникот Елин Брусевиц. 

Одлуката на Шведска да избегне заклучување и да ги остави пабовите, рестораните, трговските центри и основните училишта отворени за време на пандемијата, предизвика горчлива дебата на меѓународно ниво. Милиони луѓе ширум светот се затворени во своите домови, гледајќи како фирмите пропаѓаат и се борат да го продолжат своето образование преку голем број ограничувања воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.  

Но, околу 10 милиони Швеѓани, осумнаесет месеци од првиот локален случај на Ковид-19, регистриран во февруари минатата година, поминаа во голема мера без значајни секојдневни промени. Две третини од луѓето не се загрижени за последиците од пандемијата врз нив и нивните семејства, според најновото истражување на јавното мислење спроведено кон средината на јуни. 

15.09.2021 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега