Штрајк со глад на осудените за Диво Насеље - бараат викенди со работен ангажман и интимни соби

Петмина осудени за настаните во Диво Насеље, Куманово, штрајкуваат една недела со глад и не сакаат да излегуваат на прошетка во затворот „Скопје“ во Шутка.

 

Осудените барале викенди со работен ангажман и интимни соби за средби со семејството, односно сопругите.

Ова би значело дека тие треба да бидат премести во друга казнено поправна установа бидејќи затворот во Шуто Оризари е истражен затвор со различен куќен ред.

За ова е информиран и министерот за правда, Никола Тупанчески, кој кажа дека директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски веќе разговарал со осудениците и се пред договор.

10.05.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега