Штрахе: По Хрватска долго време нема да има нови членки во ЕУ

 

Лидерот на највлијателната партија во Австрија, Слободарска партија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе зборувајќи за Европската унија наведе дека е „познато оти по членството на Хрватска, подолго време, нема да има прием на земји-членки“.

- Тоа треба јасно да се каже, бидејќи процесот на зачленување во изминатиот период, може да се рече, е и пребрз, па сега има проблеми, посочи Штрахе.

Тој коментирајќи го договорот меѓу Србија и Косово истакна дека имало голем притисок, а ЕУ и дала перспектива на Србија доколку го прифати договорот.