Штом се венчале, позајмиле пари и дошле во Нов Зеланд - терористичкиот напад ги прекинал нивните планови

Штотуку венчаните, 34-годишниот Абдул Назер и неговата 25-годишна жена Анси Алибава се преселиле минатата година од Индија во Крајстчерч со големи планови.

Анси запишала мастер студии, додека нејзиниот сопруг работел во супермаркет. Се надевале дека по завршувањето на студиите на Анси, ќе можат да најдат добро платена работа во Нов Зеланд, а потоа да се вратат во татковината. Меѓутоа, теористичкиот напад во петокот засекогаш ги прекинал нивните соништа и планови.

Младенците позајмиле пари за да дојдат во Нов Зеланд и да ги исполнат своите соништа.

Плановите за среќен живот ги уништил терористот, а Абдул со треперлив глас раскажал како се чувствувал кога му кажале дека неговата сопруга е една од 50. жртви на масакрот.

Во петокот, двајцата биле во Ал Нур џамијата, Абдул седел на левата страна, а неговата сопруга на десната, кога започнало пукањето.

-Непосредно пред главната молитва, слушнав пукање и помислив дека некои деца пукаат балони, - рекол Абдул.

Тој седел во близина на излезот во случај на опасност и успеал да избега кога некој го искршил стаклото, но немале сите таква среќа. Истрчал дома и повикал полиција, а потоа се вратил на местото на трагедијата за да ја пронајде сопругата. Наишол на морничава сцена.

Анси, само неколку недели пред масакрот ги завршила мастер студиите, а сите планови на парот запреле засекогаш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега