Што треба да знаете доколку често јадете јајца - здравствени придобивки од оваа храна

Кога ќе помислите на јајца, веројатно првото нешто кое што ви паѓа на ум е појадокот. Зошто да не? Последните студии покажуваат дека јајцата сепак не го зголемуваат ризикот за добивање на срцеви болести. Не сте знаеле?

Еве што сe друго за јајцата можеби сте пропуштиле:

Бојата на лушпата на јајцето

Бојата на лушпата на јајцето не влијае на неговата хранливост, ниту на квалитетот. Таа зависи од расата на кокошката која што го извела. Женките со црвени пердуви даваат кафени, а кокошките со бели пердуви бели јајца.

Здрави масти и протеини

Јајцата содржат високо ниво на здрави масти и протеини. Здравите масти ни помагаат да останеме сити, а протеините ни помагаат да се изградат мускулите. Освен сето тоа, јајцата содржат и антиоксиданти кои што го забавуваат стареењето и се борат против ракот.

Бактерии

Само едно од 20.000 јајца кое што се продава во продавниците ја содржи отровната бактерија салмонела.

Штитат од загуба на видот

Јајцата содржат хранливи материи кои што ги штитат очите од слепило кое што настанува во староста. Оваа состојба се нарекува дегенерација на макулата.

Ултравиолетови јајца

Лушпите од јајцата се главно изградени од калциум карбонат кој што има бела боја. Сепак, некои лушпи имаат и ултравиолетова боја која не е видлива за човечкото око, но птиците сепак ја гледаат.

Холестерол

Едно јајце е доволно за да се задоволат две третини од препорачаниот внес на холестерол дневно. Сепак, студиите покажаа дека секојдневното консумирање на јајца не го зголемува ризикот од срцеви болести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега