Тимот за откривање кражби на електрична енергија при „Електродистрибуција“ открил сомневање за неовластено користење струја во станбен објект во сопственост на бизнисмен од Штип. При контролата во куќа на улицата „Борко Талев“, инспекторите утврдиле дека биле манипулирани сите три фази на електричното броило.

„Констатиравме противправно користење електрична енергија и вмешување во работата на броилото. За настанот е составен записник“, информираат од компанијата.

Од таму додаваат дека случајот е пријавен во МВР по член 235-а од Кривичниот законик, како и дека е поднесена Пријава за неовластено преземање електрична енергија. Притоа, изготвена е фактура за причинета штета во висина од 364.658 денари.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот е целосно документиран и дека ќе следуваат понатамошни постапки.

Exit mobile version