Штипската Клиничка болница сè уште нема писмено известување за карантинот за коронавирусот

Клиничка болница-Штип сè уште нема добиено писмено известување од Министерството за здравство за карантинот за коронавирусот, што вчера во изјава за медиумите го најави министерот Венко Филипче.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека чекаат насоки од ресорното министерство како ќе се одвива оваа постапка.

Тој најави дека новинарите и јавноста ќе бидат информира на прес-конференција и тоа во моментот, кога ќе го добијат известувањето и какви насоки ќе имаат од ресорното министерство.

Инфективното одделение во рамките на Клиничка болница-Штип е единственото вакво одделение во источниот регион, а во него за здравјето на 200.000 потенцијални пациенти од овој регион се грижат  тројца инфектолози. Во рамките на оваа одделение во моментов имаат  две карантин соби за по едно лице.  Останатите болнички соби се со капацитет од 35 болнички кревети. Зградата на Инфективното одделение е посебен објект во кругот на болницата, а во едно од крилата на овој објект привремено е сместено одделението за Неврологија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега