Штајнмајер: ЕУ има итен интерес за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

Шефот на германската држава Франк-Валтер Штајнмајер на новинарско прашање на прес-конференцијата во Скопје, за тоа како ја оценува регионалната стабилност во контекст на случувањата Белград-Приштина и дали француско-германскиот предлог е добра појдовна точка за нормализација на нивните односи, рече дека целата ЕУ има итен интерес за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

– Што се однесува до односот помеѓу Србија и Косово, можам да ви кажам дека целата Европска Унија има итен интерес за тоа да дојде до нормализација на односите. За тоа се подготвија, се направија и предлози. Се радувам затоа што германско – францускиот предлог сега постигна успех и се прифаќа, кажа Штајнмаер.

Спорд него, тоа би можело да ги охрабри засегнатите страни и да продолжат да соработуваат на ова поле. 

29.11.2022 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа