Шпионска афера ја тресе Србија: Вучиќ закажа седница на Советот за национална безбедност

Шпионската афера ќе биде тема на седницата на Советот за национална безбедност која за денес во 18 часот ја закажа српскиот претседател Александар Вучиќ

Пред седницата, Вучиќ ќе се сретне со рускиот амбасадор со кој ќе разговара за претстојната средба со Владимир Путин во Сочи, но несомнено и за аферата со рускиот разузнавач.

БИА ја потврди автентичноста на снимката на која Георгиј Клебан наводно му дава пари на српски агент.

Во јавноста излезе снимка од средбата на двајца мажи на паркинг. Потоа доаѓаат до автомобил, а наводниот руски шпион му дава кеса со пари на српскиот агент кој ја става во возилото.

Новинарот Грозев кој ја објави снимката тврди дека станува збор за Русинот Гоерги Клебан. Неговиот идентитет го утврдил користејќи ја програмата за споредување лица Microsoft Azure.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега