Шпионска афера: Бугарија протера двајца руски дипломати

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата. Во соопштението од бугарското МНР се наведува дека руската Aмбасада била известена со дипломатска нота. Двајцата дипломати имаат рок од 72 часа да ја напуштат земјата.

 

Претходно во текот на денот, Министерството за надворешни работи доби писмо од Обвинителството со указ за прекинување на претходната постапка против двајцата дипломати кои собирале информации што претставуваат државна тајна заради доставување до странска држава или странска организација.

Судската постапка против руските граѓани е прекината, бидејќи тие имаат дипломатски имунитет.

Во рамките на своите надлежности, Министерството за надворешни работи ги презеде потребните активности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега