Шпански акробатски авион падна во море

Шпански акробатски авион Ц-101 со две седишта падна денеска во море во приморската провинција Мурсија на истокот на земјата, соопшти шпанското воздухопловство.

Во несреќата настрада пилотот, соопшти тамошната војска и додала дека авионот од непознати причини паднал во Средоземното море.

Војската навела дека авионот е пронајден во море и оти авионот загинал.

Авионот полетал од локалната воздухопловна академија, пренесува АП.

Две несреќи на воени авиони од типот Ц-101 се случија во август и септември на исто подрачје, близу базата Сан Хавиер, на југот на Шпанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа