Шпанија ја отфрли мерката за задолжително носење заштитна маска на плажа

Носењето заштитни маски на плажа поради пандемијата на коронавирус веќе нема да биде задолжително доколку се почитува растојанието откако мерката предизвика негодување пред туристичката сезона.

Мерката, која стапи на сила минатата недела, ги обврзуваше посетителите на плажите да носат маски дури и кога седат на пешкир.

Одлуката предизвика негодувања, особено во крајбрежните делови на Шпанија, додека земјата, која е во голема мера зависна од туризмот, се подготвува за летната сезона и се залага за воведување на ковид-пасоши.

Властите на крајот ја отфрлија мерката.

Отсега натаму ќе биде дозволено да се симнуваат маските на плажа ако се остане на одредено место и се почитува минималното растојание од 1,5 метар меѓу луѓето кои не се од исто домаќинство, објави шпанското Министерство за здравство.

Сепак, носењето маска останува задолжително додека шетате на плажа.

Носењето маска на отворено беше воведено во мај 2020 година по првиот бран на пандемијата на коронавирус во Шпанија.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега