Шпанија е првата земја во Европа што забележа еден милион заразени со Ковид-19

Шпанија го надмина прагот од еден милион заразени со новиот коронавирус и прва членка е на Европската Унија (ЕУ) со толку голем број заразени лица.

 

Тамошното Министерството за здравство соопшти дека 16.973 лица биле заразени во последните 24 часа или вкупно 1.005.295 милиони од почетокот на епидемијата.

Во последните 24 часа се регистрирани и 156 смртни случаи во земјата, а од почетокот на епидемијата – 34.366.

Шпанија, со околу 47 милиони жители, е шеста земја во светот што го надмина прагот од еден милион заразени по САД, Индија, Бразил, Русија и Аргентина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега