Шолц: За решение на проблемот потребно е Русија да си оди од Украина

 

 

 

Дипломатското решение меѓу Украина и Русија би барало итен прекин на непријателствата од руска страна, се согласија германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивниот телефонски разговор.

Според Шолц, за дипломатско решение потребно е Русија да ја напушти Украина.

„ Тие се согласија дека дипломатското решение меѓу Украина и Русија ќе бара итен прекин на непријателствата од руска страна и повлекување на руската армија од Украина“, рече портпаролот во изјавата, пренесе Ројтерс.

17.05.2022 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега