Шолц: Путин не може да ја добие војната во Украина

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не може да победи на бојното поле. На заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население“.

„Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку и јасно кршење на меѓународното право.

Постапките на Русија уште еднаш покажаа колку Путин е безмилосен. Повторно апелирам до Путин да престане со бесмисленото убиство и целосно да ги повлече војниците од Украина и да се согласи на мировни преговори“, изјави Шолц, пренесува Дојче веле.

24.11.2022 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа