Шолц: Постои само еден излез за Путин, а тоа е да прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека санкциите кон Русија ќе завршат кога рускиот претседател Владимир Путин ќе прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат.

„ Постои само еден излез за Путин, а тоа е да прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат“, рече тој на прес-конференција по самитот на Г7.

Шолц нагласи дека лидерите на Г7 сакаат Русија да ја плати максималната цена за инвазијата на Украина.

„ Г7 останува обединета во поддршката на Украина. Ќе продолжиме да ја одржуваме и зајакнуваме економската и политичката цена што Путин и неговиот режим мора да ја платат“, нагласи тој.

28.06.2022 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега