Шолц: Не им отежнувајте на противниците на Кремљ да ја напуштат Русија

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е важно да не им се отежнува на противниците на Кремљ да ја напуштат Русија, иако, додаде, има простор за дебата на европско ниво за забраната за пристигнување на руски туристи.

„Важно е да разбереме дека има многу луѓе кои ја напуштаат Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим“, рече тој по состанокот со лидерите на нордиските земји во Осло, пренесе Ројтерс.

Претставници на неколку европски земји, вклучително и финската премиерка Сана Марин, која се состана во Осло, повикаа на руските туристи да им се забрани влезот во ЕУ за да се осигура дека и тие ќе ја платат казната за нападот врз Украина.

15.08.2022 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега