Шолц, Макрон и Драги пристигнаа во Киев: Ова е порака за европското единство

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа во Киев, во нивната прва посета од почетокот на руската инвазија.

Тројцата лидери ќе разговараат со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за понатамошна поддршка за Украина и нејзината желба да стане членка на Европската унија. Лидерите на трите најголеми економии на Европската унија досега се најважната европска делегација што пристигнала во Украина од почетокот на војната.

Поради конфликтот беше блокиран воздушниот сообраќај над Украина, па тројцата лидери од Полска со воз со девет вагони пристигнаа во Киев. Тие веднаш по полноќ тргнаа за Киев од полскиот град Пшемишљ. Патувањето преку ноќ беше планирано со денови, но од безбедносни причини официјално не беше потврдено до самото пристигнување во Киев.

„Ова е важен момент. Ова е порака за европското единство кон Украина“, рече францускиот претседател по излегувањето од возот, нагласувајќи дека ќе ги посети местата кои биле нападнати.

Романскиот претседател Клаус Јоханис се очекува да се приклучи на триото во Киев во текот на денот. Оваа посета е особено важна за Шолц по еднонеделната дебата дали требало порано да замине за да ја покаже поддршката на Берлин за Киев.

Зеленски со месеци вршеше притисок врз германските лидери да направат повеќе во борбата против Русија, вклучително и со испраќање тешко оружје, како што се тенкови. Украинските лидери претходно го одбија доаѓањето на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, сметајќи го за премногу близок со Русија.

16.06.2022 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега