Рускиот претседател Владимир Путин, на состанок со бизнисмени, изнесе тврдења кои ја брануваат меѓународната јавност. Според него, Москва и Вашингтон водат преговори за заедничко управување со најголемата европска нуклеарна централа „Запорожје“, притоа целосно заобиколувајќи го Киев во процесот.

Како што пренесува весникот „Комерсант“, Путин открил дека САД покажале интерес капацитетите на централата да се користат за рударење дигитални валути. И покрај тоа што разговорите се водат „зад грбот“ на Украина, планот предвидува произведената електрична енергија и понатаму да се испорачува за украинските потреби.

Дополнително, беше нагласено дека вработените во станицата веќе работат под закрила на рускиот „Росатом“ и поседуваат руски пасоши, со што Москва сака да ја зацврсти позицијата дека централата е под нивна контрола.

Exit mobile version