Шокантни снимки од потопот во Мичиген: Моментот кога попушти браната фатен на камера (ВИДЕО)

 

По два дена невообичаено екстремни дождови, две критични брани во Мичиген попуштиле и предизвикале невиден потопот.

Најлоша е состојба во округот Мидленд, каде евакуацијата на населението започна веднаш.

„Досега немаме видено вакво нешто во округот Мидленд“, рече гувернерот на Мичиген, Греен Витмер.

Обилните дождови се добра последица од глобалното затоплување. Ова е особено случај на Средниот Запад. Таму се зголемија врнежите од неверојатни 37 проценти помеѓу 1958 и 2012 година (потопла атмосфера може да задржи повеќе вода, што доведува до зголемени шанси за екстремни дождови.)

Во видеото објавено на Јутјуб, браната Еденвил попуштила во вторникот, што доведе до свлечиште, а потоа и излевање на водата. 

И покрај екстремните дождови, браната Еденвил, изградена пред скоро еден век, е јасен знак за стареење на несоодветна инфраструктура. Федералната регулаторна комисија за енергетика повеќе од две децении знаеше дека старата брана може да се сруши доколку биде погодена од обилни дождови, пренесува Детроит Њуз.

Во текот на 2020 година - што веројатно ќе биде една од најтоплите години - може да се очекуваат повеќе вакви настани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега