Шокантна снимка се појави на Интернет: Турски полицаец пука и погодува еден од демонстрантите во глава

На Интернет се појави снимка во која се гледа како полицаец за време на антивладините протести во Анкара пука кон толпата демонстранти при што погодува еден во главата. 

По објавувањето на оваа снимка, еден турски обвинител покрена истрага за инцидентот.

На снимката се гледа како за време на антивладините протести кои траат веќе поголг период во Турција, при што голем број демонстранти протестираат против режимот на турскиот премиер Ердоган, еден од полицајците кои постојано ја растеруваат толпата со водени топово и солзавци, пука и при тоа за жал го погодува во главата 27-годишниот Етхем Сарлускук кој на повредите им подлегнал во болница.

Исто така на снимката се гледа и како полицајците со нога удираат дел од протестнтите и како навистина има полициска бруталност во Турција.

најчитано сега