Непријатно искуство за турист од Швајцарија во Скопје, откако за кратко возење од центарот на градот до Средно Водно му била наплатена енормна сума од 7.800 денари.
Според пријавата во полицијата, 43-годишниот швајцарски државјанин бил шокиран од побараната сума, која е далеку од реалната цена за оваа релација. Кога туристот се обидел да реагира и да го оспори износот, возачот, наместо да ги појасни тарифите, станал агресивен кон него, по што го напуштил местото на настанот, пренесе ТВ Стар.
Случајот е пријавен во надлежните органи. Од полицијата потврдуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на такси-возачот кој на ваков начин го нарушил угледот на градот. Инцидентот уште еднаш го вклучи алармот за неопходноста од построга регулација на такси-превозот, особено во однос на заштитата на туристите кои секојдневно се мета на нечесни поединци.


